Свет

Демонстрантите во Хонгконг бараат локални избори, на власта ѝ дадоа ултиматум од 24 часа

15. ноември 2019 - 10:16 | МИА/КАЈГАНА

Демонстрантите забарикадирани на еден универзитет во Хонгконг бараат владата да преземе обврска до 24 ноември да организира локални избори.

 
Маскиран демонстрант на Кинескиот универзитет во Хонгконг утринава изјави дека владата има рок од 24 часа да го исполни нивното барање за избори. 
 
 
 
 
Кина денеска ја обвини Велика Британија дека „долева масло на огнот “ во Хонгконг, по вчерашниот напад на продемократските демонстранти врз хонгконшката министерка за правда во Лондон.

-Ја повикуваме Велика Британија веднаш да ги испита настаните, да направи максимален напор да ги уапси сторителите и да ги изведе пред суд, како и да ја гарантира безбедноста и достоинството на кинеските официјални претставници, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Генг Шуанг.

Хонгконшката министерка за правда Тереза Ченг вчера беше нападната од десетина продемократски демонстранти во Лондон , кога се подготвувала да оддржи говор во една институција. Демонстрантите ја опколиле и и викале „Убиец“, по што таа паднала на земја.

Снимките покажуваат дека набрзо потоа таа се кренала и дека обезбедувањето ја однело без видливи повреди, но Владата на Хонгконг во соопштение наведе дека министерката претрпела „сериозни телесни повреди“. Во соопштението од владата се наведува дека министерката веднаш ја информирала лондонската полиција и побарала случајот сериозно да биде сфатен и сторителите да се изведат пред лицето на правдата.

Шефицата на Владата во Хонгконг, Кери Лам, исто така, го осуди инцидентот наведувајќи дека „ овој дивјачки чин ги минува границите на секое цивилиизрано општество“.

Коментирај