Македонија првиот натпревар го игра вечерва од 19.00 часот против Аргентина, а скопјани ќе можат да уживаат во мајсториите на најдобрите млади ракометари сè до 18-ти август.
РКФ е домаќин на светскиот собир на најдобрите ракометни репрезентации за играчи до 19 години кој ќе се игра во Скопје во „Борис Трајковски“ и во „Јане Сандански“.
Нашите млади надежи се во група со Данска, која на Европското првенство за играчи до 18 години беше трета, азискиот шампион Бахреин, Јапонија, јужноамериканскиот вицешампион Аргентина и Нигерија која во Африка беше трета. Сите натпревари од нашата група ќе се играат во салата „Борис Трајковски“.
Група А („Јане Сандански“)
Хрватска
Шпанија
Словенија
Норвешка
Чиле
Саудиска Арабија
денес играат:
10.30 Хрватска - Норвешка
12.30 Шпанија - Саудиска Арабија
14.30 Словенија - Чиле
Група Б („Јане Сандански“)
Шведска
Франција
Унгарија
Египет
Тајван
Канада
денес играат:
16.30 Шведска - Египет
18.30 Франција - Канада
20.30 Унгарија - Тајван
Група Ц („Борис Трајковски“)
Данска
Бахреин
Македонија
Јапонија
Аргентина
Нигерија
денес играат:
16.30 Данска - Јапонија
18.30 Бахреин - Нигерија
20.30 Македонија - Аргентина
Група Д („Борис Трајковски“)
Исланд
Германија
Србија
Тунис
Бразил
Португалија
денес играат:
10.30 Исланд - Тунис
12.30 Германија - Португалија
14.30 Србија - Бразил
Првопласираните четири репрезентации од секоја група продолжуваат во осминафиналето. Финалето е закажано за 18-ти август во 18.00 часот во „Борис Трајковски“. Бранител на тронот е Франција.