Десет изумрени животни кои би можеле да бидат вратени во живот

Благодарение на ДНК и клонирањето, денес луѓето можат да исправат некои од нивните големи грешки низ историјата, како на пример истребувањето на некои видови животни.

Дали поради лов, ширење болести или пак уништување на природните живеалишта, човекот е главен или делумен кривец за изумирањето на повеќето видови животни ширум планетава.

Ова е листа на 10 животни кои можат, благодарение на науката, да бидат вратени во живот. За такво нешто потребна е доволна количина на генетски материјал, а за сите овие во моментов тоа постои.

1. Влакнест мамут (Mammuthus primigenius)
Живеел во епохата на Леденото доба сѐ до 11.500 години п.н.е. кога изумрел. Научниците се поделени околу тоа дали изумрел поради климатските промени или поради ловот од страна на луѓето.

2. Пиринејски козорог (Capra pyrenaica)
Живеел во јужните делови на Франција, Пиринејскиот полуостров и Северозападна Африка. Популацијата драстично се намалила поради неконтролираниот лов, а последниот примерок умрел во јануари 2000 година. Шпанците почнале проект за враќање на видот преку клонирање и на 30 јули 2003 се родил жив клон кој сепак починал по неколку минути поради проблеми со белите дробови.

3. Голем пингвин (Pinguinus impennis)
Се работи за птица која не е роднина со модерниот пингвин. Живеела во северниот Атлантик населувајќи ги бреговите на Канада, Гренланд, Исланд, Фарски Острови, Норвешка, Ирска и Велика Британија. Изумрена е поради големиот лов од страна на Европејците, а последниот жив примерок бил забележан во 1852.

4. Касписки тигар (Panthera tigris)
Ја населувал Централна Азија, од Грузија до Авганистан. Изумрел во 2003 година како последица на неколку фактори: ловење, претворање на неговата животна средина во плантажи и пресушување на изворите со вода.

5. Тур (Bos primigenius)
Вид диво говедо кое ги населувало пространствата во Азија, Европа и Северна Африка. Во Европа е изумрен уште од 1627, а причината е ловот.

6. Влакнест носорог (Coelodonta antiquitatis)
Овој вид на носорог живеел за време на Леденото доба сѐ до околу 11.700 години п.н.е. на териториите во Европа и Северна Азија. Изумрел поради големиот лов како и климатските промени. Постои теорија дека во Сибир преживеал и до 8.000 години п.н.е.

7. Кубански ара (Ara tricolor)
Подвид на Ара папагалите кој живеел само на островот Куба во Карипското море. Последен пат е виден во 1885 година, а изумрел бидејќи го ловеле и домородните Американци и Европејците откако дошле. Во Европа се сочувани неколку препарирани примероци.

8. Патнички гулаб (Ectopistes migratorius)
Живеел во Северна Америка и бил ловен од домородните Американци, а ловот драстично се зголемил по доаѓањето на Европејците кои го користеле како ефтина храна. Последниот примерок наречен Марта умрел во зоолошката во Синсинати на 1 септември 1914 година.

9. Каролински папагал (Conuropsis carolinensis)
Ги населувал териториите на централниот и источниот дел на САД како и Југоисточна Канада. Изумрел не само поради ловот, туку и поради уништувањето на шумите и нетрпеливоста со пчелите донесени од Европа.

10. Кинески речен делфин (Lipotes vexillifer)
Живеел во водите на реката Јангце и бил познат под името Баижитун. Тоа е првиот вид за кој се смета дека е истребен директно и само од луѓето. Иако кинеските власти до 2006 развија програма за конзервација на овој делфин, сепак до ден денес не е пронајден ниту еден жив примерок. Последниот познат примерок умрел во 2002. Овој делфин сѐ уште не е ставен на листата на изумрени видови бидејќи постои надеж дека некаде низ водите на Јангце сѐ уште плива по некој примерок.

реклама

Чек дис аут

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе