Десет музички документарци на петтиот Скопје синема сити фестивал

Скопје, 3 септември 2019 (МИА) – Филмот „Под влијание“ за Кит Ричардс  вечерва ќе го отвори петтиот Филмски фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“ кој до 7 септември ќе се одржува во Кинотеката. Се работи за филмски портрет на Кит Ричардс, кого го нарекуваат „срцето и душата на ’Ролинг стоунс’“.

По проекцијата соло-настап ќе има Влатко Стефановски. Во пресрет на фестивалот, организаторот вчера во Музејот на Град Скопје отвори и изложба „Патешествие“ со постери, плакати и промотивни материјали од концерти и албуми на нашиот најпознат гитарист.

Во петте фестивалски денови на годинашниот „Скопје синема сити“ ќе бидат прикажани десет филма со теми поврзани со гитарата  и за автори кои го посветиле животот на овој инструмент. Вечерите на фестивалот се поделени на жанрови. Блуз вечерта ќе биде посветена на Роберт Џонсон и Ерик Клептон, а меѓу двата филма настап ќе има блуз дуото „In the Mood”.

Во соработка со „Гете институтот“ ќе биде прикажан филмот „Романтични војници: Краутрок прв дел“. Краутрок е називот за група култни бендови од Германија популарни во 19‘70-тите години: Can, Neu! Фауст, Крафверк. Вториот филм истата вечер – „Изгубената жица“ е портрет на авангардниот џез-гитарист Марк Рибо и неговите бендови и проекти како дел од даунтаун сцената во Њујорк.

Вечерта на фолк музиката е посветена на фадото од Португалија со „Мадредеуш“ и Ник Дрејк. Завршната вечер е посветена на  рок-бендовите  „Ју-Ту“ и албумот „Joshua Tree” и „Квин“  со „Боемска рапсодија“.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе

Марко Бањоли во Чифте амам

Читај повеќе

Левица Денот на планетата Земја го одбележа чистејќи го Водно

Читај повеќе

Лични документи може да се подигнат и в среда

Читај повеќе

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Читај повеќе