Живот
Ја има и Македонија

Десет најмалку посетени земји во Европа што вреди да се посетат

24. ноември 2015 - 11:57 | Б.С.Б.

Сајтот Orbitz Travel направи листа на десет земји во Европа кои се најмалку посетени, но кои туристите треба да ги посетат. На листата се наоѓа и Македонија.

Покрај Македонија, на листата ги има Белорусија, Босна и Херцеговина, Србија, Исланд, Лихтенштајн, Луксембург, Молдавија, Монако и Сан Марино.

Во текстот за Македонија се вели дека пет века била под Отоманската империја, а од тоа денес сè уште се гледа влијанието.

„Исламските градби и џамиите се дел од архитектурата на земјата, како што се и античките остатоци во барокен, византиски и римски стил. Посетете ја Старата чаршија во Скопје, одете на галичка свадба во Галичник и минете неколку дена во Охрид, дел од Светското наследство на УНЕСКО“, стои во описот за Македонија.

Коментирај