Десет намирници кои не треба да ги чувате во фрижидер

Честопати мислиме дека чувањето храна во фрижидер е најдобриот начин да се сочува нејзината свежина и долготрајност. Во повеќето случаи тоа е така, но постојат неколку намирници кои е подобро да се чуваат што подалеку од ладилник, заради вкусот но и поради нутритивната вредност.

Food Matters оддели 10 намирници за кои е подобро да ги чувате на собна температура. Еве за кои станува збор:

1. Компири и сладок компир

Чувањето компири на студени температури може да го претвори скробот во шеќер, што ќе влијае на нивната текстура и може да предизвика сладок вкус по готвењето. Според Food Standards Agency, по готвењето овие шеќери се комбинираат со амино киселината аспарагин присутна во компирите и се создава хемикалија наречена акриламид. Компирите треба да се чуваат на студено и суво место, пожелно во хартиени кеси. Не треба да ги миете пред складирање и чувајте ги одделно од кромид, бидејќи компирите ослободуваат гасови и влага од која може кромидот да се распадне.

 2. Домати

Студениот воздух ги спречува доматите да зреат и го уништуваат вкусот и конзистентност. Доматите сакаат топлина и ако ги ставите во фрижидер се менува нивната хемиска структура и се менува вкусот. Чувани во фрижидер можеби ќе бидат добри за готвење, но не и за консумација како свежи. Најдобро е да се чуваат на собна температура, без да бидат директно изложени на сонце.

3. Тропски овошја

Овошјето како банани, манго, ананас и папаја се многу чувствителни на студено. Ниските температури го ослабуваат нивното ткиво и така ги губат ензимите одговорни за зреење, предизвикувајќи штета на нивната површина.

4. Авокадо

Кога ќе купите авокадо тоа најверојатно ќе биде тврдо и ќе треба малку да потстои пред да биде зрело за јадење. Ако го ставите авокадото во фрижидер тоа целосно ќе престане да зрее. Најубаво е да биде складирано на собна температура додека не омекне. Кога ќе биде доволно зрело може да го чувате во фрижидер.

5. Маслиново масло

Најдобро е да го чувате на темно, студено место за да спречите менување на вкусот и текстурата. Студените температури ќе го кондензираат маслото и ќе му дадат цврста структура. Затоа чувајте го на собна температура.

6. Мед

Медот треба да го чувате на собна температура, на суво место. Чувањето во фрижидер може да предизвика кристализација, со што се отежнува консумацијата.

7. Кромид

Исто како и доматите и кромидот не треба да се чува во фрижидер, освен ако не го излупите.

8. Лук

Доколку ставите лук во фрижидер тој ќе ја промени текстурата и ќе стане како гума. Лукот треба да се чува на суво и темно место.

9. Босилек

Оваа билка брзо ќе овене во фрижидер, но и ќе ги прими мирисите од храната во него. Свежиот босилек треба да го чувате во чаша вода како цвеќе за да биде секогаш свеж.

10. Кафе

Кафето никако не треба да го чувате во фрижидер бидејќи така ќе ја изгуби својата арома и ќе прими мирис од други намирници од фрижидерот. Така, ако го чувате во фрижидер ќе апсорбира различни ароми и никогаш нема да се врати на оригиналниот арабика вкус. Кафето се чува на темно и суво место во затворена кутија.

реклама

Здравје

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more
 

Магазин

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе