Десет знаци кои укажуваат дека сте во нездрава врска

Многу често го слушаме изразот „токсична врска“, односно ги критикуваме односите на другите луѓе, без да ги разгледуваме сопствените односи.

Во продолжение прочитајте кои работи укажуваат на нездрава врска:

1. Недостаток на поддршка

Не можете да му се обратите на својот партнер кога ви треба некаков вид на поддршка. Многу често се случува, дури и кога се обидувате да објасните што ве мачи, тој воопшто да не ве разбира.

2. Најдобар во се

Вашиот партнер често истекнува дека тој е подобар и попаметен во вашиот однос, односно дека тој би требало да ги носи одлуките.

3. Не се цени вашето мислење

Вашето „не“ не се прифаќа. На почетокот од врската тоа се случувало на малку поубав начин, кога партнерот ви се додворувал се додека на крај конечно не прифатите да одите на настан на кој вие реално не сакате да одите. Подоцна вашето „не“, станува како одговор кој автоматски не се зема во предвид.

4. Стагнирање

Дали постои некој аспект од вашиот живот кој е подобар од кога сте во врска со својот партнер? Дали еден од вас забележал напредок во нешто или стагнирате во место еден покрај друг? Ако не можете да најдете ниту еден аспект во кој забележувате напредок, време е да ја прекинете таа врска.

5. Редовни кавги

Многу често се наоѓате во ситуација, во која постојано се карате и си кажувате грозни работи еден на друг, односно работи поради кои подоцна ве фаќа срам во одредени моменти. Врската не треба да функционира така. Многу е важно да запаметите дека секој проблем може да се реши со нормална комуникација.

6. Не постои грижа за емоциите и чувствата

Вашиот партнер не се грижи за вашите емоции. Ако сте му кажале дека сте премногу уморни да излезете или дека ве загрижува тоа што тој повеќе нема време за вас и што своите слободни часови ги поминува со пријателите, а тој се однесуваа како да му е сеедно, тоа претставува голем минус. Потребен ви е некој кој ќе се грижи за вашите емоции и ќе внимава да не ве повреди.

7. Недостаток на комуникација

Кога не сте заедно, не морате да комуницирате. Не чувствувате потреба да му се јавите или да проверите каде е, па чувствувате олеснување кога не сте во присуство на партнерот, бидејќи тоа значи дека нема да поминувате преку стрес и кавги.

8. Се чувствувате заробено

Имате чувство дека сте заробени во врска, која во вашата глава изгледа како лавиринт, од кого не го знаете излезот или немате сили да го пронајдете.

9. Вашиот партнер смета дека е подобар од вас

Партнерот смета дека вие сте среќни што сте го пронашле, односно дека тој е подобриот во врската и дека треба секојдневно да се заблагодарувате и да го цените неговото присуство.

10. Кавги кои повеќе не се издржуваат

Ако во вашите кавги, се почесто се случува некој некого да нарече „луд“, време е за раскинување. Тоа обично значи дека веќе ви е преку глава од се, односно дека станало невозможно да се сфати поентата на квагата и што е најважно - невозможно е да се разберат аргументите на вашиот партнер.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Љубов и секс

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Read more

Колку често мажите и жените помислуваат на секс?

Read more

Постојано критикување - штетна навика која може да ја уништи врската

Read more

Дали секс двапати во една вечер ги зголемува шансите за забременување?

Read more
 

Магазин

Што е најважно за здравјето на црниот дроб, според докторите?

Читај повеќе

Како да препознаете патолошки лажго?

Читај повеќе

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Читај повеќе

Кои им се заеднички карактеристики на лошите шефови?

Читај повеќе

Која храна најдобро е да ја јадеме сирова?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп до 21 април според рускиот астролог Павел Глоба

Читај повеќе

Како наглата промена на времето ќе ни влијае на здравјето?

Читај повеќе
  • play_arrow

Совршено за велигденскиот пост: Печени компири со грашок

Читај повеќе