Десетмина од повредените во тешка состојба, двајца во критична

Скопје, 15 февруари 2019 (МИА) – Десетмина од повредените во завчерашната сообраќајната несреќа кога автобус се преврте на автопатот Скопје-Тетово, се во тешка здравствена состојба, а двајца во критична.

Министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска ги посети повредените во Градската општа болница „8 Септември“, изјави дека таму се лекуваат 28 повредени, а шест ќе бидат пуштени на домашно лекување.

„Од вкупниот број пациенти шест се наоѓаат во одделот за интензивно лекување. Кај двајца од нив во текот на вчерашниот ден е направена хирушка интервенција. Сите се со стабилни витални параметри. Кај двајца од нив најдоминатни им се повредите на главата, се политрауматизирани и поставени на респираторна машина. Состојбата им е критична. И другите пациенти кои се во Одделот за интензивно лекување исто така се политрауматизирани и доминантни им се повредите на градниот кош и на стомакот“, рече Филипче.

Потенцира дека во Клиничкиот центар се лекуваат осум пациенти од кои четворица се на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, по еден пациент има на клиниките за трауматологија, неврохирургија, торакална хирургија, а една бремена жена се лекува на Клиниката за гинекологија и е во добра општа состојба.

„Четворицата пациенти кои се сместени во КАРИЛ се во тешка состојба. Кај една млада пациентка на возраст од 20-тина години ќе се прави хирушка интервенција. Конзилиум сега се одлучува како ќе продолжи третманот на нејзината нога која тешко повредена и згмечена и постои можност да и биде ампутирана. Останатите пациенти имаат повреди на локомоторниот систем, на градниот кош и на стомакот“, додаде Филипче.

Директорот на ГОБ „8 Септември“, Христијан Костов истакна дека двајцата пациенти кои беа пренесени од Одделот за интензивно лекување, 15-годишното момче и 40-годишниот пациенти синоќа заради влошување на состојбата и губење на крв биле внесени во оперативниот протокол.

„Прво беше оперирано момчето, кое има повреда на црниот дроб и крварење на абдоменалната шуплина и сето тоа е санирано, а и кај другиот пациент со повреда на дел од тенкото црево и беше извршена интервенција. Тие се во стабилна состојба и се во Одделот за реанимација“, додаде д-р Костов.

Во автобуската несреќа загинаа 14 патници, а повредени беа 37 други.

реклама

Хроника

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе