Книги

Десетте најплатени писатели во 2018 година

31. декември 2018 - 15:27 | Б.С.Б.

Кога станува збор за писатели кои најдобро заработиле во текот на изминатата година, Џоан Роулинг е на првото место. Нејзиното богатство е проценето на 1 милијарда долари што и не толку изненадувачки факт бидејќи авторката има смисла за бизнис, пренесува Yahoo.

Роулинг го создаде ликот на Хари Потер, кој е екранизиран и драматизиран, добро продаден производ. Со него освои милиони читатели низ светот и основа комерцијална империја. Но, не заработува добро само од Хари Потер, 53-годишната писателка заработи многу пари од продажба на играчки и облека со ликовите на јунаците кои ги создаде. Основа тематски паркови во кои посетителите можат да се „сретнат“ со нив. Роулинг заработи 54 милиони долари во текот на изминатата година.

На второ место е бразилскиот писател Пауло Коелјо, чиј имот се проценува на половина милион долари. Трет на листата е Стивен Кинг, кој „вреди“ 400 милиони долари.

Четврта е Нора Робертс, чие богатство се проценува на 390 милиони долари. Следна е Даниела Стил, чиј имот се проценува на 375 милиони долари. На шесто место е Џејмс Патерсон, со капитал проценет на 310 милиони долари.

На седмо место е Џон Гришам, со 200 милиони долари. Со исто толку пари можат да се пофалат и Стајн, Џефри Арчер и Ден Браун.

На листата најбогати писатели се и Џорџ Р. Мартин, Нил Гејмен и други.

Коментирај