Детали за бандата од Македонија која крадела автомобили на Халкидик

Разбиена е криминална група од Македонија која крадела луксузни возила од викендички на Халкидик, по истрага на полициски службеници од Одделот за безбедност Полигирос.

За случајот, како што беше претходно објавија грчките медиуми, уапсени се 3 лица од Македонија, а поведена е постапка против уште 3 нивни соучесници.

Како што произлезе од полициската истрага, наведените лица формирале криминална организација со структурирани активности и различни улоги, со цел кражба на луксузните возила од голема парична вредност.

Ги лоцирале луксузните возила на туристите

Според нивната криминална шема, тие првин ги лоцирале луксузните возила на туристите на Халкидик, а потоа упаѓале во нивните сместувачки капацитети, со цел да им ги одземат клучевите и да ги украдат возилата.

За остварување на целите на криминалната организација тие имале конкретни улоги поврзани со координација на криминалната организација („мозок“), лоцирање на нивните жртви, вршење кражби и транспортирање возила, со крајна дестинација во друга држава.

Од досегашната истрага произлезе дека тие учествувале во вкупно 18 кражби на возила на различни делови на Халкидик, од кои се пронајдени 7 украдени возила, во една кражба на возило во подрачјето на Солун и во една кражба на регистарски таблички од паркирани возила на подрачјето на Солун.

Вредноста на украдените возила надминува милион евра

Вкупната вредност на украдените возила надминува еден милион евра.

Од куќите одзеле и пари, електронски уреди, часовници и слично, чија вкупна вредност надминува 60.000 евра.

Едно од уапсените лица е пронајдено на подрачјето на Халкидик од страна на полициски службеници на Одделот за сообраќај Полигирос, додека управувало украдено возило на странец.

Во рамки на тековните увиди, лоцирани се и други две уапсени лица кои се обиделе да го преземат украденото возило што претходниот период го управувал нивниот соучесник од подрачјето на Халкидик, со намера да го пренесат во странство.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Read more

Хроника

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Read more

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Read more

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Read more

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Read more
 

Вести

  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе