Тринаесетгодишно девојче е повредено со нож откако претходно било нападнато од четворица малолетници.
Како што соопшти полицијата, во саботата околу 19.40 часот во КБ-Тетово, било донесено повредено девојче на возраст од 13 години од село Милетино-тетовско, со убодна рана од остар предмет во пределот на стомакот, по што и била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите истата била пренесена во УЦ-Скопје.
Извршен бил разговор со девојчето и констатирано е дека била нападната од четири малолетници, меѓу кои и еден 12 годишен малолетник од тетовското село Желино. Во ПС-Тетово извршен е разговор со малолетното лице во присуство на родител и истиот кажал дека најпрвин девојчето го удрила со клоца во пределот на нозете, а потоа тој со ножот ја прободел и избегал од местото на настанот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.