На 24.12.2019 во 18.00 часот во Полициската станица Тетово, 19-годишна девојка од тетовско село пријавила дека со месеци била противправно држена од две лица.
Во периодот од 25.08.2019 до пријавувањето од страна на нејзината тетка и нејзин братучед била противправно држена и физички малтретирана на две локации во Тетово.
Според пријавеното, тие сакале да ја омажат против нејзина волја, иако таа веќе имала момче.
По консултација со јавен обвинител, девојката преку Центарот за социјални работи- Тетово е соодветно згрижена и се преземаат мерки за расчистување на случајот.