Девојка починала по судир на навивачки групи во Бразил

Макфакс/Кајгана
/ 12.07.2023 / 11:46

23-годишна Бразилка почина во болница во Саун Пауло, два дена откако беше убиена во судир меѓу навивачите на Палмејрас и Фламенгу. Во пресрет на неделното бразилско дерби меѓу овие два клуба, имаше големи навивачки судири, а 23-годишната Габриела Анели беше тешко повредена додека чекаше да влезе на стадионот „Алјанс Парки“.

Во толпата таа се здобила со расекотина на вратот кога ја удрило стаклено пивско шише. Младата девојка во тешка состојба била пренесена во здравствениот дом, но два дена подоцна починала.

„Благодарам на сите што се молеа за мојата сестра, но таа отиде кај нејзиниот татко во рајот“, напиша нејзиниот брат Фелипе Анели на Instagram. Габриела била навивачка на Палмејрас.

Во судирите пред стадионот, полицијата била нападната и употребила солзавец за да воспостави ред. Солзавецот се проширил на теренот, па судијата морал во два наврата да ја прекине играта во првото полувреме бидејќи играчите почувствувале иритација во очите и носот.

„Не можеме да прифатиме дека 23-годишна девојка е жртва на варварство во средина која треба да биде забавна. Ја изразуваме нашата солидарност со семејството на девојката и бараме брза истрага за ова злосторство“, објави Палмејрас на социјалните мрежи.

URL

„Во она што требаше да биде чисто спортски настан, една млада жена го загуби животот на неоправдан начин што заслужува строга казна“, напиша Фламенгу на Twitter.

URL

Претседателот на Бразилската фудбалска асоцијација, Едналду Родригис, најави дека сите натпревари од 15. коло на бразилското првенство ќе започнат со едноминутно молчење во чест на девојката.

Тој додаде дека Здружението ќе соработува со владата и другите релевантни тела во борбата против насилството на навивачите.

„Фудбалот е страст, а не простор за криминалци кои се инфилтрираат во навивачи за да практикуваат секакви видови насилство“, рече тој во изјавата. Претставник на Одделот за стратешки полициски операции изјави дека лицето одговорно за фрлањето на шишето, Леонарду Санчиагу, е уапсено и ќе одговара за убиство. Се работи за навивач на Фламенгу.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by CHOQUEI (@choquei)

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе