Џез лектира со Националниот џез оркестар на 16 март

Последниот проект на Националниот џез оркестар носи наслов „Џез Лектира“ и претставува навраќање на биг бенд ерата, позната и како ера на свингот. 

Овој период претставува значаен период од музичката историја во кој популарната музика во САД доживува своевидна трансформација. Големи ансамбли, пишани аранжмани кои се истакнуваат наспроти спонтаните солирања, доминација на свинг ритамот, наплив на иновативни композитори, се дел од карактеристиките на оваа ера која го доживува својот врв во периодот од 30-тите до средината на 40-тите години нa 20-тиот век.

Во тој период се истакнува една група музичари кои како лидери на своите биг бендови прават вистинска револуција во џез музиката во тој период, Меѓу најважните имиња во биг бенд ерата се вбројуваат Дjук Елингтон, Бени Гудман, Глен Милер, и секако Каунт Бејси.

Вилијам Џејмс, познат како Каунт Бејси е американски џез пијанист, органист, водач на бенд и композитор, кој е познат и како „Кралот на свингот“.  Во 1935 година, тој го формира оркестарот „Каунт Бејси“ и ја води оваа група скоро 50 години. Неговата работа резултира со низа иновации во музичкиот израз како употреба на два „поделени“ тенор саксофони, нагласување на ритам секцијата, рифови во биг бенд композиции, аранжери за дополнително проширување на биг бенд звукот и слично.

Многу светски познати музичари доаѓаат до израз токму во овој биг бенд, вбројувајќи ги тенор саксофонистите Лестер Јанг и Хершел Еванс, гитаристот Фреди Грин, трубачите Бак Клејтон и Хари „Свитс“ Едисон, тромбонистот Ал Греј, и пејачите Џими Рашинг, Хелен Хумес, Телма Карпентер и Џо Вилијамс.

На концертот „Џез Лектира“, Националниот џез оркестар ќе се осврне на дел од творештвото на Каунт Бејси биг бендот, како и на соработката со современата американска џез пејачка и пијанистка, Дајан Шур, меѓу другото добитничка на две Греми награди за најдобра џез пејачка во 1986 и 1987 година. По тој повод, специјална гостинка на концертот е Марија Димитријевиќ, една од најдобрите женски џез пејачки на овие простори.

Концертот ќе се одржи на 16 март, во салата на Македонскиот народен театар, со почеток од 20 часот.

Билетите може да се набават online, на страната на МНТ, или на Билетарницата на МНТ.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Култура

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе