Ракомет

Дибиров: Не чувствуваме притисок, сакаме да ја освоиме СЕХА

1. април 2019 - 18:16 | МИА

Брест, 1 април 2019 (МИА) – Ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров пред утрешното полуфинале во СЕХА лигата против домаќинот Мешков во Брест, при средбата со медиумите изјави дека „црвено-црните“ веќе се навикнале да играат на вакви средби и не чувствуваат притисок.

Русинот вели дека тимот има респект кон домаќинот, но вардарци одат на победа и освојување на регионалното ракометно натпреварување.

„Немаме притисок бидејќи веќе навикнавме да играме на вакви средби и тоа во континуитет. Секоја година сме на Ф4 и сакаме да ја освоиме СЕХА. Имаме респект кон Мешков Брест и овој тим има предност бидејќи игра дома пред своја публика, а секогаш кога игра на домашен терен игра подобро. Можеби им давам мала предност, но веќе е добро познато како ние се бориме под притисок. Ќе биде тешко, Брест има предност, но ние сме Вардар“, смета Тимур Дибиров.

Во својот осми настап на Ф4 турнирите на СЕХА лигата, ракометарите на Вардар може да станат први и единствени со три триумфи по ред, и единствен тим со пет трофеи.

Коментирај