Диего Коста спаси бод за Челзи

Челзи и Манчестер Јунајтед освоија по еден бод, откако во последниот натпревар од 25.коло во Премиер лигата, одиграа 1:1 (0:0). Во дербито блескаа голамните Куртоа и Де Хеа, Јунајтед имаше предност до 91.минута, а до крајот на мечот успеа да се спаси од пораз.

Квалитетен натпревар одиграа тимовите кои во последните 11 години освоија девет титули во Премиер лигата. Во првото полувреме немаше голови, Куртоа успеа да му го одбрани ударот на Марсијал, а на спортивната страна Диего Коста шутираше крај голот на Де Хеа.

Спорна ситуација се случи во финишот на првиот дел, кога по ударот на Тери, топката во рака го погоди Блинд, го промени правецот, но судијата Мајк Оливер не покажа пенал за Челзи.

Јунајтед подобро влезе во второто полувреме, константно го притискаше ривалот, а во интервал од само три минути Куртоа го спаси својот гол откако ги одбрани ударите на Руни и Линдгард.

Добрата игра на црвените ѓаволи со гол ја круниса Лингард во 61.минута. Младиот напаѓач од свртување постигна прекрасен гол.

По примениот гол иницијативата ја презеде Челзи, а блесна на голот на Јунајтед Де Хеа, кој одбрани два тешки удари на Ивановиќ и Фабрегас.

Израмнувањето стигна во 91.минута, кога Диего Коста го искористи киксот во одбраната на Јунајтед, успеа да го заобиколи Де Хеа и да погоди.

Диего Коста и Де Хеа, беа актери и во 95.минута, напаѓачот на Челзи биеше по земја, а младиот голман од аголот успеа да го одбрани својот гол.

Ремито во Лондон не донесе никакви поместувања на табелата, Јунајтед е петти со 41 бод, додека Челзи е 13-ти со 30 бодови.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе