Дигитална бесмртност: Колку далеку може да стигне науката?

Некои луѓе се надеваат дека ќе ја измамат смртта така што својата свест ќе ја сочуваат во дигитална форма. Науката сè уште не стигна дотаму, но направи доволно истражувања за мозокот и меморијата, па луѓето почнаа да поставуваат загадочни прашања.

Идејата за постигнување на бесмртноста предводена со претворање на мозокот во код и чување на идентитетот како дигитална копија како интернет, ја преокупира фантазијата на луѓето веќе подолго време. Особено е популарна помеѓу трансхуманистите, луѓето кои се залагаат за унапредување на интелектот на човекот и физиологијата со помош на најсофистицираната достапна технологија.

Додека технолошките напредни нации ширум светот вложуваат огромни ресурси во анализата на човечкиот мозок, научната фантастика станува вистина. Се чини дека човештвото е многу напредно во ова поле, пишува B92.net.

Пред да го дигитализираме човечкиот мозок, мора во потполност да го разбереме, а научниците напорно работат на тоа. Од 2013 година, меѓународниот проект „Иницијатива на мозокот“ го мапира мозокот за да го револуционализира нашето разбирање на најтаинствениот дел од телото, со цел да подобри превенција и лечење на пореметувањата во мозокот.

Швајцарскиот проект „Син мозок“, дигитално го реконструира мозокот на стаорците, за да истражи дали оваа технологија да може да се примени и на човечкиот мозок.

Сепак, научниците сè уште не знаат некои основни работи кои им се неопходни за да го копираат мозокот, како што е на пример, колку простор ќе зазема дигиталната копија којашто ќе ги содржи сите спомени на човекот.

Дигиталната бесмртоност е теоретски можна, но во далечната иднина.

Немаме технологија која би ни овозможила да копираме нечиј идентитет за да тој може да живее во дигиталниот свет. Меѓутоа, развојот на ваква технлогија во иднината може да се очекува.

Луѓето не се само податоци кои може да ги копирате.

Дигиталната бесмртност според некои е недостижна, дури и кога би успеале да ги преведеме чувствата во единици и нули, човекот е многу повеќе од неговите спомени.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе