Државната изборна комисија (ДИК) информира дека до 17 часот на изборното место 2011 во општина Теарце гласале 377 лица, или 52,80 проценти од запишаните во избирачкиот список.
Во текот на денешното прегласување не се регистрирани никакви проблеми, со исклучок на 15 минутен застој утрото, кога морало да бидат променети батериите во УВ лампите.