ДИК ги исчистил само починатите од Избирачкиот список

Само починатите лица, кои биле во Избирачкиот список, а ги имало од 2012 година, сигурно ќе бидат избришани од списокот, додека за останатите гласачи, кои подлежеа на повеќе проверки во последниов период од Државната изборна комисија (ДИК), па дури и теренската проверка, членовите на комисијата не знаат како ќе ги прочистат.

Според изборниот законик, кога ќе се распушти Собранието, а тоа во случајов е вечерва, на 6 април, ако изборите се закажат за 5 јуни, следниот ден Министерството за внатрешни работи треба да достави Избирачки список до ДИК, па соодветно на тоа, членовите на ДИК од редовите на СДСМ, се прашуваа кога ќе бидат внесени податоците од извршените проверки.

Укажаа и на тоа дека, од нешто повеќе од 87.000 граѓани кои беа проверувани теренски, внесени се податоците за околу 77.000, а 10.000 се внесуваат, но и тие што се внесени, не се обработени за да се види дали се спорни или треба да се проверуваат во базите на МВР или во Управата за матични книги.

Дополнително, членот на ДИК, Игор Милев, рече дека околу 37.000 од тие 77.000 внесени, не биле најдени дома, а 6.000 барања на граѓани стигнати по електронски пат не се воопшто разгледани од ДИК.

Рече дека треба да се очекува дека тие 37.000 нема ни да се јават во подрачните канцеларии на ДИК, затоа што веќе пропуштиле еден рок за тоа да го сторат, а и да дојдат, нивните податоци, можеби ќе треба дополнително да се проверуваат, за што исто така, треба време.

Тој праша и што со оние 523 гласачи, кои во евиденцијата на Избирачкиот список, се јавуваат со непостоечка адреса, и кои реално немало како да се проверат теренски. Посочи и дека поднесено е барање за 144 лица кои дополнително треба да се проверуваат.

Виолета Дума, исто како и Милев во ДИК ги застапува интересите на опозициската СДСМ, смета дека во голема мера податоците се сè уште непроверени, а смета дека само починатите лица ќе бидат соодветно избришани, додека она што ДИК го изработи последните денови нема да биде внесено во Избирачкиот список.

Силвана Бонева, од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, од друга страна, пак, рече дека е многу задоволна од чистотата на списокот и од сработеното во изминатиот период.

Таа предложи, она за што претходно на 19 март гласаше против, сега да се сработи. Односно, предложи МВР да ги провери 124.000 граѓани за кои постои сомнение дека се на привремена работа во странство, затоа што, како што рече, увидела дека електронски проверката оди многу брзо, па ИТ експертите тоа би го направиле и за еден ден, но таа предложи на МВР да му се даде три дена за тоа.

Предложи и повторно, иако ДИК доби времена мерка за забрана за објавување на податоците на граѓаните од Избирачкиот список да бидат објавени на веб страната на ДИК, оние граѓани кои

теренски не биле пронајдени дома, да се стават на списокот за неконзистенстни податоци и да се објават без адреси, само со име и презиме, за да се јавеле во канцелариите на ДИК за проверка.

Членовите од редовите на СДСМ и забележаа дека тоа не е можно, во првиот случај затоа што се тоа премногу гласачи за проверка, а во вториот случај, ја прашаа дали сака повторно да добијат предупредување со времена мерка.

Инаку, во МВР во моментот се проверуваат податоци за 68.968 гласачи кои имаат само пасош, а тие проверки се завршени во 12 отсто, како и за лица кои имаат поднесено барања за лични карти, а од 41.863 барања, обработени се 19 отсто.

Според проверките и вкрстувањето на базите на податоци, најдено е и едно лице кое има два матични броја, за што Милев изрази сомнеж дека може да има и повеќе такви случаи, ако се почекаат резултатите од теренската проверка. Сепак, сомнежите за ова лице се дека можеби се селел додека Македонија беше во рамки на СФРЈ и по барање за државјантсво подоцна, добил нов матичен број.

Седницата почна во 11 часот и се уште трае, а расправата меѓу членовите на ДИК е жестока. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе