ДИК ги потврди кандидатурите на Пендаровски, Силјановска – Давкова и на Река

Скопје, 21 март 2019 (МИА) – Државната  изборна комисија (ДИК) ги потврди кандидатурите за претседател на државата поднесени од Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова и на Блерим Река.

На денешната седница ДИК ги разгледала листите за Претседател на Република Северна Македонија од кандидатите Пендаровски, Силјановска – Давкова и Река, констатирала дека се уредно поднесени и ги потврдила, со што, како што соопшти комисијата, тие се кандидати за претседател.

ДИК најави дека на тројцата кандидати за претседател на државата  ќе им подготви решенија за потврдување на поднесените листи, посакувајќи им успех.

Според најавата, утре во седиштето на ДИК ќе се одржи јавна седница на која со ждрепка ќе се утврди редоследот на единствената листа на кандидат за избор на претседател на државата.

Пендаровски е кандидат на СДСМ и коалицијата, Силјановска Давкова на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а Река на албанската опозиција. Нивните кандидатури се поднесени со поддршка од група избирачи и го имаат обезбедено потребниот минимум потписи.

Кампањата за претседателските избори, чиј прв изборен круг е закажан за 21 април, а вториот на 5 мај, почнува на 1 април.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more
 

Вести

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе