ДИК: Иселениците да поднесат листа на кандидати за пратеници

Државната изборна комисија ги известува сите заинтересирани граѓани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство, дека  според Изборниот законик, до Државната изборна комисија имаат право да поднесат листа на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија за изборната единица број 7.

„Државната изборна комисија, Ве известува дека собирањето на потписи ќе се изврши пред овластените лица на дипломатско конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Република Македонија во странство, секој ден, почнувајќи од 25 април 2016 година до 4 мај 2016 година, во период од 8.30 до 19.00 часот, на пропишан образец од Државната изборна комисија (образец 2 гс), кој може да се симне од веб страната на Државната изборна комисија www.sec.mk.“, соопштија од ДИК.

На официјална веб страница на Државната изборна комисија објавен е Образец пропишан од ДИК на кој заинтересираните граѓани ќе собираат потписи за кандидати за пратеници за предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија.

Според Изборниот законик „Кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 1.000 потписи од запишаните избирачи во изводот на Избирачкиот список на изборната единица“.

Изборниот законик го пропишува и собирањето потписи за кандидати за пратеници во дијаспората и гласи: „Кога подносител на листа  на кандидати за пратеници е група избирачи од изборните единици за гласање во странство    потребно е да се соберат најмалку 1.000 потписи од запишаните избирачи во изводот од Избирачкиот список за тие изборни единици пред службените лица на Дипломатско конзуларните претставништва (ДКП) односно конзуларните канцеларии на образец потпишан од Државната изборна комисија“.

Рокот за собирање потписи пред ДИК, односно во подрачните  одделенија како и во ДКП е од 25 април до 9 мај 2016 година.  

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more
 

Вести

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе