ДИК ја затвора можноста за пријава на неправилности преку веб

Поради пристигнати голем број пријави за неправилности во избирачкиот список, Државната изборна комисија од недела во 24 часот, опцијата за пријавување на неконзистентни записи во избирачкиот список на веб страницата на ДИК ќе биде затворена. 

„Ова е од причина што за пристигнатите пријави е потребно време Државната изборна комисија соодветно да ги обработи, да ги спореди со податоците од вкрстените проверки и да утврди кои од пријавените случаи треба да бидат предмет на теренска проверка“, се вели во соопштението од ДИК.

Од денот на објавувањето на избирачкиот список на својата веб страна, со податоци : име, презиме и адреса на избирачите, до денес можноста да пријават нерегуларности во податоците ја искористиле околу 5.000 граѓани. 

Државната изборна комисија ја известува јавноста дека извештајот за добиените резултати од вкрстените проверки, ќе го разгледа на јавна седница во среда. Веднаш потоа ќе се започнат подготовки и активности за спроведување на теренската проверка.

Сите граѓани кои не ја искористиле можноста да пријават нерегуларности на податоците во Избирачкиот список на веб страната, ќе можат тоа и понатаму да го направат преку подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија.

Државната изборна комисија со сите пристигнати пријави соодветно ќе постапи на начин што дел од известувањата на граѓаните ќе бидат предмет на административни проверки преку евиденциите на надлежните органи, а за известувањата на граѓаните за грешки во евиденциите за живеалиште, по утврдување на основата, ќе се постапува по спроведените вкрстени проверки.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Македонија

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read more

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе