ДИК: Податоците во Избирачкиот список со адресите се од евиденцијата на МВР

„Податоците на граѓаните во Избирачкиот список се запишани како што се водат во евиденцијата за живеалиште на Министерството за внатрешни работи“, соопшти Државната изборна комисија (ДИК), откако изминатиот викенд произволните толкувања од евиденцијата предизвикаа меѓупартиски препукувања, а се укажува дека граѓаните имаат право да побараат да не биде објавена нивната адреса од безбедносни причини.

Притоа се истакнува дека Избирачкиот список, кој е објавен на апликацијата на веб страницата на ДИК, е резултат на методолошки обработените податоци добиени од службените евиденции на МВР, Управата за водење на матични книги и Основните судови, за државјаните на Република Македонија кои ги исполнуваат законските услови да се стекнат со избирачко право заклучно со 01.12.2015 година.

Државната изборна комисија го објави избирачкиот список на својата веб страница со податоци: име, презиме и адреса на избирачите, согласно член 31 став 2 точка 28-г од Изборниот законик.

Од ДИК, исто така, потсетуваат дека секој граѓанин има право да поднесе барање до Државната изборна комисија да не биде објавена неговата адреса од безбедносни причини. Барањата граѓаните може да ги поднесат до Комисијата на spadresi@sec.mk или до подрачните одделенија/канцеларии на Државната изборна комисија и по истите се постапува веднаш.

Граѓаните, доколку при увидот утврдат дека некој граѓанин не е запишан во Избирачкиот список или утврдат дека треба да се изврши запишување, дополнување или бришење на податоци од Избирачкиот список, имаат право согласно член 48 став 2 од Изборниот законик да поднесат барање со кое треба да приложат соодветна документација. Државната изборна комисија во рок од три дена од приемот на барањето ќе ја провери точноста на податоците и приложените документи и ако утврди дека барањето е основано ќе донесе решение за запишување, дополнување или бришење на податоци во смисла на член 48 став 4 од Изборниот законик.

Државната изборна комисија врши запишување, дополнување и бришење на податоци во Избирачкиот список и по службена должност врз основа на податоци од матичните книги, евиденцијата за живеалиште и за државјанството на Република Македонија, други службени евиденции и со непосредно проверување согласно член 42 став 1 од Изборниот законик.

Во таа насока им се овозможува на сите граѓани до подрачните одделенија и канцеларии на ДИК и преку апликацијата објавена на веб страница да пријават сомнителни податоци во Избирачкиот список, кои по службена должност ќе бидат проверени во службените евиденции на надлежните институции.

Врз основа на спроведените постапки и донесените акти од страна на надлежните институции, Државната изборна комисија во најкраток можен рок ќе изврши запишување, дополнување или бришење на податоци од Избирачкиот список во согласност со усвоениот Правилник за

методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список.

Граѓанската контрола на Избирачкиот список е составен дел од проверката на Избирачкиот список, а податоците од граѓаните се од суштинско значење за ажурирање на Избирачкиот список, се вели во соопштението од ДИК

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Македонија

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read more

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе