ДИК работи врз Избирачкиот список

Државната изборна комисија (ДИК) ги има донесено сите потребни акти за постапката за проверка и ажурирање, како и целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список, се вели во соопштението од ДИК.

Комисијата во моментот врши проверка на податоците во секоја од базите, по што податоците ќе бидат префрлени во единствен сервер на ДИК, на кој ќе се вршат вкрстените проверки.

Четворицата консултанти за информатичка технологија предложени од четирите најголеми политички партии и еден меѓународен консултант, ангажиран од ИФЕС, кој ја координира работата, подготвуваат предлог-листа на прашања за тестовите за вкрстените проверки, кои веднаш ќе бидат усвоени од Државната изборна комисија. Тимот на консултанти ќе подготви и пред Државната изборна комисија ќе презентира и финален извештај, по чие усвојување од страна на ДИК ќе отпочнат со работа трите ИТ компании кои ќе ја извршат вкрстената проверка на базите на податоци.

„Државната изборна комисија врши кадровско доекипирање. Целосно е спроведен огласот за вработување на лица во одделенијата за избирачки список и за информатичка технологија. Со оглед на тоа дека не се пријавија доволен број кандидати, огласот за пополнување на работни места во секторот за ИТ ќе биде делумно повторен. Во тек е и постапката за вработување на 11 лица во правната служба на Државната изборна комисија и нејзините подрачни одделенија“, се вели во соопштението од ДИК.

По барање на Државната изборна комисија од 8 февруари, Министерството за финансии на 16 февруари изврши пренасочување на буџетски средства на сметката на ДИК, за да можат целосно да бидат спроведени сите активности поврзани со изборниот процес. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе