Дилета Леота: Да не бев новинарка ќе освојував медали

Познатата италијанска новинарка постојано е во центарот на вниманието на тамошните медиуми.

Таа е една од најубавите и најпознатите спортски водителки во светот. Дилета Леота на Instagram ја следат над 8.000.000 луѓе, а атрактивната русокоса често е на мета на италијанските таблоиди.

Извесен период ја поврзуваа со Златан Ибрахимовиќ, а таа сега во интервју за La Gazzetta dello Sport откри повеќе детали за себе.

Дилета е новинарка која ја следи италијанската Серија А за телевизијата DAZN и вели дека веројатно професионално би се занимавала со спорт доколку би избрала друга кариера.

„Одев на скијање со моето семејство и спортував. Да не бев новинарка, веројатно ќе бев спортистка и освојувачка на медали. Тренингот е задолжителен за мене, ми нуди можност да останам во рамнотежа. Се трудам да тренирам три пати неделно, јога правам два пати, а тука е бодифитот. Ми требаат најмалку 20 минути дневно“, изјави Дилета.

Таа со својот изглед ги фасцинира мажите ширум светот, а како што вели, не се грижи премногу што јаде.

„Не држам одредена диета. Јадам добро и внимавам на исхраната во текот на неделата, особено за викендите кога излегувам на вечера со пријателите. Тешко е бидејќи знам да се напијам чаша вино“.

Запрашана за трката за италијански шампион, Дилета искусно избегнуваше да каже за кого навива.

„Првенството е многу возбудливо. Секој викенд Наполи, Милан и Интер ги менуваат позициите и се борат за првото место. Наполи и Милан го имаат потребното искуство да се борат со Интер. Исто така, обрнете внимание на Јувентус, кој после елиминацијата од Лигата на шампионите се врти кон Серија А. Мислам дека ќе почекаме до последен момент да видиме кој ќе биде шампион“, порача Дилета Леота.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Живот

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Read more

Направи магија вредна 500.000 денари

Read more

Колку најмалку треба да спиеме за да го „преживееме денот“?

Read more

Кога работниците најчесто лажат дека се болни?

Read more
 

Магазин

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Читај повеќе

Направи магија вредна 500.000 денари

Читај повеќе

Колку најмалку треба да спиеме за да го „преживееме денот“?

Читај повеќе

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Читај повеќе

Кога работниците најчесто лажат дека се болни?

Читај повеќе

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Читај повеќе

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе