Фудбал

Димитриевски не мрда од Рајо, ќе потпише нов договор

16. август 2019 - 11:01 | Ф.З.

Шпанска Marca тврди дека голманот Столе Димитриевски ќе остане во Рајо Ваљекано бидејќи ќе го продолжи договорот до 2023 година.

Како што дознава новинарот Маркос де Висенте, нашата репрезентативна единица сепак нема да си замине од Рајо и ќе остане да се бори за место помеѓу стативите. Столе добил понуда за продолжување на договорот со клубот со кој ќе се обврзе да истане на „Ваљекас“ до 2023 година. Нормално, со новиот договор следува и поголема плата.

Летово за него имаше интерес од Валенсија, Севиља, Бетис, Еспањол и Мајорка, а самиот голман имаше желба да замине било каде само тоа да биде во клуб од Примера откако неговиот Рајо испадна во Сегунда. Но, клубот ги одбиваше понудите со изговор дека финансиски не се добри.

Во последно време тренерот Пако Хемес го преферираше ветеранот Алберто Гарсија, па останува да видиме дали со продолжувањето на договорот нештата се промениле. Токму тоа е и втората причина поради која Столе сакаше да си замине. Ем е во второлигаш, ем резерва.

Утре Рајо ја почнува новата сезона дома против Мирандес, а многу ќе значи изборот помеѓу стативите кој ќе го направи тренерот Хемес.

Коментирај