Димитров: Ако сме надвор од ЕУ, не може целосно да се комплетира Договорот од Преспа

Скопје, 29 октомври 2019 (МИА) – Преспанскиот договор не може да се комплетира целосно ако ние сме вон пристапниот процес кон Европската Унија, рече денеска шефот на дипломатијата Никола Димитров на седницата на собраниската Комисија за европски прашања, на која се дебатираше за одлуката на Европскиот совет да не ѝ додели на земјава датум за преговори за членство во ЕУ.

– Во Преспанскиот договор целосната имплементација на нашите обврски е врзана со пристапниот процес во Европската Унија. Во однос на веќе постоечките внатрешни документи и материјали, нашите обврски почнуваат и завршуваат во рок од пет години од отворање на поглавјата, подвлече Димитров.

Истакна дека членството во НАТО е извесно, но како што рече, тоа не значи дека треба да потценуваме реализација на едно од најважните две стратешки цели. – НАТО носи безбедност, предвидливост и инвестиции, рече Димитров.

– Изгубивме цела генерација, но не смееме да паднеме во истата замка сега. Од наративот на жртва треба да го избереме наративот на победник. Тешко е, ама ќе пронајдеме дупка и ќе излеземе и ќе продолжиме да одиме напред. Со тоа ќе ѝ помогнеме и на Европа и сами ќе си помогнеме и на нашите соседи во регионот. Ќе завршам со цитат од Черчил: „Никогаш, никогаш, никогаш немојте да дигнете раце“, заклучи Димитров.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе