Димитров: Брисел мора да ја препознае и награди успешната приказна

Скопје, 27 мај 2019 (МИА) – Северна Македонија очекува да добие зелено светло од ЕУ и годинава да ги почне прегoворите за членство, вели шефот на дипломатијата Никола Димитров во интервју за The Financial Times.

Смета дека Брисел мора да ја препознае успешната приказна и да не ги отфрла аспирациите на Скопје за евроинтеграција, бидејќи во спротивно би ризикувал да го загуби влијанието на Балканот и би ги зајакнал ривалите во регионот.

– Кога постои добар пример [за преговорите за пристапување], тој треба да биде препознаен и награден. Ако тоа не се случи, тогаш моќта на ЕУ станува слаба, вели Димитров, истакнувајќи дека Западниот Балкан сега е „сцена на геополитичко натпреварување” во кое се вклучени Пекинг и Москва.

Според него, ако Европа не може да направи разлика на Балканот, тогаш тешко е да се замисли како тоа ќе направи разлика на друго место.

– ЕУ ќе го изгуби влијанието на Западен Балкан и ќе ризикува да ги зајакне ривалите како што се Русија и Кина ако не го одобри „уверливиот случај” на Северна Македонија и не донесе одлука да започне преговори за пристапување на земјата. Ќе биде тешко да разговараат со крената глава за трајни поблиски врски меѓу Брисел и регионот, ако земјите-членки на ЕУ не успеат да ја потврдат одлуката за започнување на процесот на пристапување, истакнува Димитров.

The Financial Times потсетува дека останува да се види дали Франција, Германија и Холандија ќе ги поддржат аргументите на многу европски дипломати дека балканската земја ги исполни обврските, вклучувајќи го и договорот за името со кој беше ставен крај на деценискиот спор со соседна Грција.

Димитров вели дека не може лесно да ја разбере загриженоста кај некои во ЕУ, и нагласува дека  Северна Македонија создаде атмосфера во која би било речиси срамно да не се постигне консензус за нејзиниот случај.

Потсетува дека земјата направи „очигледен пресврт на подобро” со решавање на отворените прашања и продлабочување на реформите. Смета дека земјите од ЕУ годинава не можат едноставно да го игнорираат нашиот случај и да не ги признаат успешните приказни, бидејќи нив денес ги нема премногу.

Димитров предупредува дека одбивањето од страна на ЕУ ќе го наруши кредибилитетот на владата во Скопје и ќе ги зајакне националистичките сили. Тоа ќе биде обесхрабрувачки и за оние кои се обидуваат да ги решат другите важни билатерални спорови со кој се соочува регионот по распадот на поранешна Југославија, вели министерот за надворешни работи Никола Димитров за The Financial Times.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе