Рецепти

Директно од серијата Sex and the City: Рецепт за њујоршката земичка со лосос

1. декември 2019 - 11:18 | Ф.З.

Не мора да го посетите Њујорк за да го вкусите најубавиот специјалитет на оваа светска метропола. А тоа е специјалитет кој секој прав њујорчанец го обожава.

Потребни состојки:
Земичка:
- 200 гр брашно
- 30 гр путер
- 1 јајце
- млеко по потреба
- 1 коцка квасец
- сол
- шеќер
- сусам
Намаз:
- 100 гр кремсир
- 100 гр пушен лосос
- 100 гр јогурт или павлака
- 1 лажичка капaр
- власец
- бибер
- рендана кора од лимон
- зелена салата

Подготовка:

Измешајте го квасецот со лажица шеќер и брашно, а потоа додадете малку загреано млеко и оставете го квасецот на нарасне. Од брашно, малку сол, растопен путер, квасец и загреаното млеко (доколку е потребно) замесете меко тесто. Оставете го покриено околу половина час да нарасне. Потоа промесете го и поделете го на 4 дела. Направете дупка во средината и ставете стап или друг цилиндричен предмет со дијаметар од околу 2 сантиметра. Оставете ги околу половина час на топло, да нараснат. Внимателно извлечете го стапчето и ставете го тестото во врела вода. Гответе една минута, а потоа извадете го внимателно. Ставете ги во подмачкана тава обложена со хартија за печење. Премачкајте со матено јајце, посипете со сусам и печете 20 минути на 200 степени. Со миксер измешајте кремсир, јогурт, половина од лососот, капар, власец и бибер. Додадете ја ренданата кора од лимон и промешајте. Остатокот од лососот исечкајте го на помали парчиња. Исечете ги испечените и изладените земички на половина. Ставете лист од зелена салата на долниот дел од земичката, нанесете од намазот, ставете лосос и покријте ја со другата половина од земичката.

Коментирај