Директорот на ЦИА му порача на Трамп да внимава што зборува

Директорот на Централната разузнавачка агенција - ЦИА, Џон Бренан, изменуван од администрацијата на американскиот претседател на заминување Барак Обама, му порача во неделата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп кој следниот петок ја презема должноста - да внимава што зборува и му советуваше на Русија лесно да не ѝ го прости наводното мешање во ноемвриските претседателски избори.

Џон Бренан во интервјуто за американската телевизиска мрежа Fox News изјави дека Доналд Трамп, откако ќе ја положи заклетвата, мора да биде внимателeн кога дава изјави, алудирајќи на неговите коментари на Twitter.

„Спонтаноста не е нешто што ја штити националната безбедност и затоа, кога зборува или реагира, мора да знае дека тоа може да има сериозни последици врз САД. Тука не станува збор само за господинот Трамп, се работи за САД, рече директорот на американска разузнавачка агенција.

Трамп минатата седмица повторно ја обвини разузнавачката заедница дека во јавноста објавила информации како наводно Русија собирала компромитирачки материјали против него. На Twitter напиша дека однесувањето на тајните служби потсетува на нацистичка Германија.

„Изедначувањето на разузнавачката заедница со нацистичка Германија е нечуено“ - реагираше Бренан.

Разузнавачките служби во извештајот кој им го претставиле на претседателот во заминување и на неговиот наследник, заклучиле дека Русија наводно со хакирања и други средства влијаела врз исходот од претседателските избори на 8-ми ноември во полза на Трамп.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Свет

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Read more

Премиерот на Папуа Нова Гвинеја: Бајден ја навреди мојата земја со изјавата за канибали

Read more

Орбан предупредува: Во Европа владее воено расположение, Брисел си игра со оган

Read more

Полска подготвена за голема војна со Путин

Read more
 

Вести

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе

Марко Бањоли во Чифте амам

Читај повеќе

Левица Денот на планетата Земја го одбележа чистејќи го Водно

Читај повеќе

Лични документи може да се подигнат и в среда

Читај повеќе

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Читај повеќе

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Премиерот на Папуа Нова Гвинеја: Бајден ја навреди мојата земја со изјавата за канибали

Читај повеќе