Бизнис

Директорот на Coca-Cola ја напушта челната позиција во компанијата

9. декември 2016 - 16:09 | Д.Л.

Директорот на Coca-Cola, Мухтар Кент, ќе ја напушти позицијата прв човек на компанијата од 1-ви мај 2017 година, стои во сооштението на Coca-Cola.

Кент ќе го замени актуелниот заменик Џејмс Квинси, кој има 20-годишно искуство стекнато во еден од најголемите производители на напитоци на светот. Кент на чело на компанијата беше во последните осум години.

„Беше голема чест и единствена привилегија да се биде прв човек на нашаа најголема компанија. Оваа промена доаѓа во време на најголемата еволуција во Coca-Cola. Рефокусирање на нашиот главен модел на креирање на најголемите светски брендови и водење на системот на франшизи е на патот на остварување”, изјави кент, а пренесува Business Insider.

Коментирај