Disney го објави целосниот трејлер за „The Lion King“
Откако минатиот месец се појави краткиот трејлер за „The Lion King“, целата јавност беше во исчекување за целосниот трејлер кој подобро ќе ни го покаже Симба и кралството кое некогаш ќе му припадне нему. Disney реши да го прекине чекањето и да го објави трејлерот денеска.
Во новиот трејлер имаме можност да видиме неколку ликови кои не се појавија во претходните кратки тизери, а еден од нив е Скар – злобниот чичко на Симба и брат на Муфаса. Главниот негативец во приказната изгледа страшно, исто како и во анимираната верзија на „The Lion King“.
Премиерата на филмот е закажана за 19 јули оваа година.