Disney го објави првиот трејлер за „Artemis Fowl“
Книгата за деца „Artemis Fowl“ конечно ќе го добие нејзиното деби на филмското платно, откако адаптацијата првпат беше најавена во 2001 година, но беше одложувана со години бидејќи Disney постојано беше во потрага на режисер за филмот.
Британскиот режисер Кенет Брана ја прифати задачата да го режира „Artemis Fowl“ – филмот за 12-годишниот анти-херој кој се запознава со светот на самовилите.
Во главните улоги се појавуваат Фердија Шо, Џош Гад, Џуди Денч и Лара Мекдонел, а премиерата е закажана за 9 август 2019 година.