ДКСК со две прекршочни постапки против претседателот Иванов

Скопје, 24 април 2019 (МИА) – Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница донесе одлука за поведување две прекршочни постапки против претседателот на државата Ѓорге Иванов за донесени укази за унапредување и поставување старешини во Армијата за време на изборниот период, објавени во Службени весник на 26.02.2019 година, што претставува непочитување на забраните утврдени на Изборниот законик и Законот за спречување корупција и судир на интереси.

Како што беше појаснето, претседателот Иванов со указ го унапредил во чин генерал-потполковник од генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, актуелен началник на Генералштабот. Констатирано е дека при унапредување на овој старешина во повисок чин не е постапено согласно одредбите од Законот за служба во Армијата, каде стои дека началникот на Армијата односно МО спроведува постапка за унапредување и дава предлог до претседателот, што во случајот, како што е наведено во одговорот од МО до ДКСК, не е доставен.

Според ДКСК тоа упатува на сомневање дека Иванов ги пречекорил своите законски овластувања и донел одлука без претходно спроведување на законски утврдената процедура. Со донесување и извршување на указот, сметаат од ДКСК, на Ѓурчиновски ќе му се исплатува зголемена плата, дејствие што е забрането во изборен период.

Со указите од претседателот Иванов со кои се поставува бригадниот генерал Орце Јордев за заменик командант на ЗОК и полковник Драган Ковачки за командант на Првата механизирана пешадиска бригада и полковник Бесник Емини за началник на Штаб на ЗОК, донесени по денот на распишување на изборите, ќе им се исплатува зголемена плата, дејствие забрането во изборен период.

Со преземањето на овие дејствија претседателот Иванов сторил прекршување на одредбата од членот 8-а став 1 алинеја 2 за што и ДКСК донесе одлука за поведување прекршочна постапка.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more
 

Вести

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе