Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Според последните податоци, во светот се регистрирани 11.072.007 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 525.954, а оздравеле 6.205.727 луѓе.

– Албанија во последното деноноќие забелажа нов негативен рекорд во однос на бројот на новозразени со COVID-19. Според Министерството за здравство и социјална заштита новодијагностицирани се 90 лица што е највисока бројка од почетокот на пандемијата. Најголем број од новзаразените или 35 се од Тирана, потоа од Круја 12 и Курбин 10. Во исто време во списокот на оздравени се впишани 33 лица или вкупно 1.592 а починале три или, досега битката со опасниот вирус ја изгубиле 72 лица. Со направените 362 теста, во последното деноноќие, досега во лабораторијата за вирологија при Институтот за јавно здравје направени се вкупно 28.033 тестови. Активни на болеста се 1.088, од нив 80 се хоспитализирани во Инфективната клиника во Тирана, при што осум се на интензивна нега.

-На Кипар од направени 1.538 тестови во изминатите 24 часа не е регистриран ниту еден нов случај на COVID-19. Бројот на заразени остана ист, односно 999 лица.

-Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти дека се регистрирани 28 нови случаи од COVID-19, од кои 13 се од направените тестови на посетителите во Грција. Од почетокот на епидемијата, заразени се 3.486 лица.

– Во последните 24 часа, во Црна Гора се регистрирани 47 новозаразени  меѓу 475 анализирани примероци. Тоа се пациенти од Рожаје (17), Подгорица (16), Тиват (5), Даниловград (2), Будва, Петњаца, Андријевица, Бар, Херцег Нови, Цетиње и Никшиќ 1. Од 47 новозаразени, 28 се контакти на претходно потврдени случаи додека за 17 пациенти се бара изворот на инфекција.

– Во северната италијанска провинција Венето, бројот на заразени лица се зголеми во последните седум дена. Италија го укина карантинот на крајот на мај бидејќи индикаторот за инфекција во повеќето провинции беше под еден. Провинцијата Венето беше истакната како добар пример за одговор на пандемијата. Беше применето масовно тестирање на населението и се воведе ограничено движење на самиот почеток на инфекцијата. Претседателот на провинцијата Венето, Лука Заја, рече дека од понеделник ќе воведе нови рестриктивни мерки во регионот, со цел да се спречи ширењето, вклучително и задолжителна изолација за заразените лица кои одбиваат доброволно да се стават во изолација.

Тагови
реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Свет

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Read more
 

Вести

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе