Култура

„До балчак“ македонски кандидат за Оскар

19. септември 2014 - 10:48 | Макфакс

Филмот „До балчак“ на режисерот Столе Попов е единствениот македонски кандидат за престижната награда Оскар.

Комисијата во состав на Роберт Насков (продуцент) претседател на Комисијата, Димитар Попов (директор на фотографија), Вардан Тозија (режисер), Иван Бартлинг (сценограф) и Горан Игњатовски (дизајнер на шминка/маска) одлучија филмот да ја претставува Македонија во конкуренцијата за Оскар од неанглиско говорно подрачје.

Филмот е во режија на Столе Попов, а сценариото го напиша Горан Стефановски. Снимањето на филмот започна во мај 2012 година, а филмот е сниман на локации во Битола, Скопје, Демир Хисар, Охрид, Штип и Прилеп.  Инаку, овој филм важи за најскапиот филм во македонската кинематографија, чиј буџет изнесува 3.6 милиони евра, од кои 2.5 милиони ги обезбеди Владата, а 500 илјади евра обезбеди Филмскиот фонд.

Премиерно беше прикажан на 14 септември во рамки на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.

Коментирај