До каде е импичментот на Доналд Трамп?

Неделава имаше многу случувања во врска со истрагата за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп. Клопчето се одмоткува, а информации има безброј.

Демократите во Конгресот завчера најавија дека процедурата за импичмент на претседателот Трамп би можело да заврши до Божик, односно 25 декември.

Како што дознава CNN се оди на забрзување на постапката со одбегнување на судски расправи кои би ја одложиле истрагата, и ограничување на бројот на сведоци на јавните сведочења, додека истрагата од следната недела оди со сведочења отворени за јавноста.

Се вели дека ова сигнализира дека ако се оди според планот, Трамп може да биде отповикан од Конгресот во декември.

Ваквата динамика станува очигледна откако Адам Шиф, претседавач на Одборот за разузнавање при Претставничкиот дом, демократ од Калифорнија, објави старт на јавните сведочења идната недела, и дека постои лимит на бројот на сведоци кои ќе се појават на тие сведочења.

Кон ова се надоврзува и повлекување на судските покани за поранешни високи функционери во Администрацијата, како поранешниот советник за национална безбедност Џон Болтон, со што би можело да се одложи постапката бидејќи Болтон самиот изрази загриженост за скандалот со Украина и затоа летоска поднесе оставка.

Се укажува дека во текот на истрагата демократите во Конгресот собраа доволно докази додека во сесии затворени за јавноста испитаа десетици сведоци, за да можат да го отповикат Трамп, кој користејќи ја својата претседателска моќ, наводно извршил притисок врз Украина да отпочне истрага за свој политички ривал, поранешниот потпретседател Џо Бајден.

Ако се запази рокот, ова ќе биде една од најбрзите импичмент процедури во историјата на САД. Поранешниот претседател на САД, Ричард Никсон, се соочи со јавни сведочања во 1974 година,  цели две години откако започна истрагата за негов импичмент.

Во сличен рок каков ште е предвиден и за Трамп, отповикан беше и поранешниот демократски претседател Бил Клинтон, иако тоа се случи по неговиот пораз на изборите во ноември 1998 година. Гласањето за импичмент беше одложене за 19 декември 1998 година поради ракетирањата во Ирак.

За разлика од Клинтон, Трамп е во последната, предизборна година од својот мандат. Доколку биде отповикан, после импичментот на Ендрју Џонсон во 1868 година и на Клинтон во 1998 година, тој ќе биде третиот претседател во американската историја што ќе се најде во таква ситуација.

Трамп не е загрижен

Трамп вчера изјави дека не е загрижен од истрагата за импичмент, како и од тоа дека претстојат јавни сослушувања на сведоци во Конгресот.

Претседателот пред новинарите во  Белата куќа ги отфрли досега протечените сознанија од официјални лица, кажани на затворени седници, и ги искритикува демократите од Претставничкиот дом за тоа дека од следната недела овие сослушувања ќе станат и јавни.

„Не треба да се организираат јавни сослушувања, тоа се бројки“, рече Трамп.

Претседателот ги обвини демократите дека бараат луѓе кои ќе  покажат кон него, и изјави дека дури не ни ги познава повеќето од сослушаните сведоци.

„Не сум загрижен. Нема никаков проблем со сведочењата. За поголем дел од луѓето кои сведочеа дури не сум ни слушнал“, изјави Трамп пред репортерите во Белата куќа.

Белата куќа соопшти дека нема да соработува во истрагата.

BBC за Северна Америка направи краток пресек на новостите за тоа до каде е импичментот на Трамп.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе