До крајот на годината трговски претставништва во Германија, Турција и во САД

Скопје, 17 февруари 2019 (МИА) – До крајот на годината се очекува да бидат отворени канцелариите во Германија, Турција и САД кои се замислени како државни претстаништва за привлекување странски инвестиции, но и како центри од каде ќе се нудат производи од економијата.

За луѓето што ќе бидат испратени таму, преку Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони ќе им биде обезбедено сместување и канцеларија така што тие ќе можат веднаш да почнат со работа.

– Ќе ја имаат целокупната поддршка од нас. Ќе ја добијат целата инфраструктурна поддршка. Мислиме дека моделот ќе биде успешен, велат од Дирекцијата на ТИРЗ.

Оттаму брифираат дека заедно со Министерството за надворешни работи веќе работат на процесот на регистрација на овие канцеларии што ќе бидат трговски претставништва.

Активностите нема да бидат сконцентрирани само во овие три држави, туку канцеларијата во Германија ќе ја покрива Европа, канцеларијата во Турција ќе биде задолжена за Блискиот Исток, а канцеларијата за САД за цел континент.

Концептот на промотори беше воведен од Владата на ВМРО-ДПМНЕ и за нив беа исплаќани високи суми од државниот Буџет. На сериозни забелешки во работата на економските промотори укажаа и ревизорите. СДСМ во изборната програма најави дека ќе го укине овој концепт на промовирање на државата бидејќи е скап и не носи инвестиции.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Македонија

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more

Левица го објави својот предизборен спот

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

Read more

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Read more
 

Вести

Сè за Германија? Мало морген!

Читај повеќе

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Читај повеќе

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Читај повеќе

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Читај повеќе

Кучиња скитници искасаа три лица во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица го објави својот предизборен спот

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

Читај повеќе

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Читај повеќе

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Читај повеќе