Стил

Дочекајте ја есента подготвени: Совети за совршен стајлинг

10. септември 2019 - 12:24 | М.С.

Летото е при самиот крај, затоа есента треба да ја дочекаме подготвени. Заборавете на светлата облека и кармините во розови нијанси, затоа што есента ги носи своите бои со неа.

Стилистите и професионалните мејкап артисти ги споделуваат нивните совети за совршен стајлинг оваа есен.

Црвен мат кармин

Во лето преферирате посветли тонови на кармин. Затоа, оваа есен ставете го во прв план вашиот омилен црвен мат кармин. Не мора да го носите само за вечерно излегување. Совршено прилега на секојдневните модни комбинации.

Подгответе ги усните пред спиење со благ пилинг и балсам за усни, затоа што кожата во есен е посува.

Smokey Eye

Овој начин на шминкање никогаш не излегува од мода. Оваа есен, сивите и црните тонови заменете ги со топли кафеави и беж нијанси.

 

 

Изберете ги вашите три омилени неутрални сенки. Нанесете на целиот капак, како база, кремастата сенка ставете ја на аголот од окото, а темната по должина на капакот, ставете малку маскара и подготвени сте.

Редовно негувајте ја косата

Раната есен е вистинско време за хидрирање на косата, за да ја нахраните и регенерирате од последиците од Сонце и сол.

Негуваната коса е убава коса, па затоа не заборавајте дека треба да ги обновите врвовите и заминете на фризер.

Направете третман на лицето

Украдете два часа за себе и заминете кај вашата козметичарка.

Хидрирајте го лицето за да го подготвите за студените денови кои следат.  

 

 

Коментирај