Вести

Додека светот спиеше, огромен астероид пролета покрај Земјата

16. октомври 2019 - 18:45 | Б.С.Б.

Додека поголемиот дел од светот спиеше утрово огромен астероид мина покрај Земјата, со брзина од 35.406 километри на час, соопштија од НАСА.

Астероидот 2019 SR8, со дијаметар меѓу 20 и 44 метри, утрово мина покрај Земјата. За споредба, ѕидот на Колосеумот во Рим е висок од 48 метри, а кулата во Пиза 56 метри. Ова не е сè, во петок покрај Земјата ќе минат уште пет астероиди. Најголемиот од нив има дијаметар од 95 метри. Додека повеќето астероиди преставуваат мала или никаква опасност за нашата планета, во минатото не било така.

Метеорит со големина на куќа со експлозија во атмосферата би создал сила поголема од нуклеарната бомба фрлена на Хирошима во 1945 година.

Астероид долг 800 метри би уништил простор со големина на државата Вирџинија во САД и би предизвикал силни земјотреси, како и облак прашина кој би го блокирал Сонцето.

Астероиди со големина на Лондон, па и поголеми, при предизвикале настани кои би резултирале со истребување на човештвото.

Коментирај