Доделуваме влезници за претпремиерата на „Алита: Борбениот Ангел“

Бидете дел од одбраното друштво што ќе има можност да ја гледа епската авантура „Алита: Борбениот Ангел“ пред да почне да се прикажува во домашните кина.

Режисерот Роберт Родригез, како долгогодишен обожавател на стриповите на Јукито Киширо, имаше желба сценариото за филмот да биде дело на творецот на револуционерниот  3Д филм „Аватар“, сценаристот Џејмс Камерон.

„Алита: Борбениот Ангел“ (Alita: Battle Angel) е базиран на популарниот постапокалиптичен манга стрип од 90-тите Gummn на Јукито Киширо. Филмот ја следи приказната на Алита (Роза Салазар), киборг кој добродушниот инженер Дајсон Едо (Кристоф Валц) ќе го најде и ќе го поправи, но дури потоа ќе открие дека е многу попосебен и поуникатен отколку што мислел на почетокот.

Алита не се сеќава на нејзиниот живот пред да се разбуди во лабораторијата на Едо, но колку повеќе учи за светот околу себе и го истражува, толку повеќе ѝ се враќаат сеќавањата за претходниот живот. Старите сеќавања и новите врски во нејзиниот живот ја водат на патот кон остварување на мисијата што предолго ја оставила незавршена.

Кајгана доделува по две влезници на петмина читатели за ексклузивната претпремиера на „Алита: Борбениот Ангел“ на 12 февруари, во 18 часот во Кино Милениум.

За да бидете дел од оваа одбрана филмска публика, треба да одговорите точно на прашањето „Кој е авторот на стрипот по кој е снимен филмот Алита: Борбениот Ангел?“

Одговорите оставете ги во коментар под оваа објава и очекувајте да бидете еден од петмината среќници кои ќе добијат по две влезници за претпремиерата.

*Промотивен текст
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Филм & ТВ

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Read more

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Читај повеќе

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе