Култура

Доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“

8. декември 2016 - 10:04 | Макфакс

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ денеска во 12 часот ќе ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2016 година, во Свечената сала на Собранието на Република Македонија.

Државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2016 година е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

Државната награда „Св. Климент Охридски“, за остварување во областа на воспитанието и образованието, се доделува на: проф. д-р Марко Китевски – фолклорист; наградата за остварување во областа на културата и уметноста, им се доделува на: проф. м-р Гордана Јосифова-Неделковска, музички уметник, проф. м-р Жарко Башески, скулптор, Весна Ацевска-Стојчевска, поетеса и Лилјана Мазова, театарска критичарка и публицистка.

Коментирај