Додик: Република Српска може да се отцепи за неколку недели

Макфакс/Кајгана
/ 29.12.2023 / 10:36

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, изјави дека има пријатели во светот кои ќе спречат меѓународна воена интервенција во случај Република Српска да прогласи отцепување од Босна и Херцеговина.

Во интервју за Телевизија РС (РТРС), Додик се закани дека отцепувањето или прогласувањето на независна Република Српска ќе следи во истиот момент кога високиот претставник за Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, евентуално ќе наметне закон со кој ќе се реши статусот и правото на располагање со државниот имот. Тој вели дека има информации дека ваква одлука би можела да следи во јануари и најави дека во тој случај парламентот на Република Српска веднаш ќе се состане и ќе прогласи отцепување.

Тој објасни дека тоа значи „независност (од Босна и Херцеговина) во сè“, при што Република Српска нема да го спречи преминувањето низ нејзината територија, односно да воспостави „тврда“ граница кон Федерацијата Босна и Херцеговина, но тоа ќе го направи доколку е неопходно.

„Не очекуваме дека некој од Федерацијата Босна и Херцеговина ќе биде охрабрен да ја нападне Република Српска. И во такви околности, ќе процениме како ќе постапиме. Очекувам ЕУФОР да застане на линијата меѓу ентитетите и да спречи контакт“, додаде тој.

Тој оцени дека во ваквото сценарио „Американците ќе збеснат и ќе се обидат да побараат интервенција“, но смета дека пријателите на Република Српска тоа нема да го дозволат.

Тој не појасни на кои пријатели мисли, но познато е дека Додик моментално има пријатели само во Москва и Будимпешта, бидејќи има добри односи со рускиот претседател Владимир Путин и со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Унгарија од јануари следната година ќе ја преземе од Австрија командата на воените сили на Европската унија во Босна и Херцеговина (ЕУФОР), чија задача е да спречат можни вооружени конфликти, но и да гарантираат слобода на движење низ Босна и Херцеговина, бидејќи тоа е обврска што произлегува од Дејтонскиот договор.

Самиот висок претставник не ја спомна можноста за наметнување закон за државен имот и повеќепати потенцираше дека тоа е обврска и одговорност на властите во Босна и Херцеговина. Шмит во моментов планира само да наметне технички измени во изборниот закон на Босна и Херцеговина во случај парламентот на Босна и Херцеговина да не донесе одлуки во текот на јануари кои ќе го обезбедат интегритетот на изборниот процес.

Откако Додик објави дека Република Српска наскоро би можела да прогласи отцепување, жестока реакција имаше од сојузниот министер за внатрешни работи на Босна и Херцеговина, Рама Исак.

„Ако прогласите независност во 11:00 часот, ќе завршите зад решетки во 11:01 часот“, порача Исак.

„Милорад, ако високиот претставник Кристијан Шмит го наметне Законот за државен имот на Босна и Херцеговина во 17:00 часот, а вие прогласите независност во 11:00 часот – во 11:01 часот ќе завршите зад решетки. Тоа ти гарантирам. Па повели“, рече Исак.

Тој го повика Додик да не ја чека одлуката на високиот претставник.

„Биди храбар и обиди се, и нема да успееш, или ќе престанеш да го труеш босанското општество и да сееш страв, омраза, раздор и нетрпеливост. Ти Милорад ништо нема да прогласиш. Можам само тебе да те прогласам. И тоа виновен, виновен за извршување тешки кривични дела според одредбите на Кривичниот законик на Босна и Херцеговина“, рече министерот Исак.

реклама

Ковачевски падна

Read more

Лекар советува каков чај да пиете за намалување на крвниот притисок

Read more

3 едноставни чекори како да ослабите 10 килограми

Read more

Кога почнува староста?

Read more

Регион

Вучиќ за гласањето на Резолуцијата за Сребреница: Ќе има разочарувачки вести за ставовите на некои земји за кои не очекувавме да ни забијат нож во грб

Read more

Врани напаѓаат луѓе во Србија

Read more

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Read more

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Read more
 

Вести

Одземен пасошот на Иџет Мемети, ќе треба да се јавува во суд

Читај повеќе

Путин сака да ја помести границата, Европа во паника

Читај повеќе

Трамп: Сакаат да ме убијат

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го имаат најслабиот резултат во историјата

Читај повеќе
  • play_arrow

Граѓаните на протест против деструкцијата на ,,Бехтел и Енка”, Левица дава поддршка

Читај повеќе

Волстрит се лизна, инвеститорите претпазливи

Читај повеќе

Ковачевски падна

Читај повеќе

Шефицата на француската крајна десница ѝ го врти грбот на германска AfD

Читај повеќе

Сончево време со температури до 28°C

Читај повеќе