Договор вреден 365 милиони долари - Алварез стана најплатениот спортист на светот

Мексиканскиот боксер Канело Алварез стана најплатениот спортист на светот откако потпиша договор со спортскиот стриминг сервис DANZ вреден 365 милиони долари.

Мексиканецот со овој договор го надмина досегашниот најскап спортски договор на бејзбол играчот Џанкарло Стентон кој во 2014 година потпиша со Њујорк Јенкис на 13 години за 325 милиони долари.

На годишно ниво Алварез ќе заработува нешто помалку од фудбалерот на Барселона Лионел Меси, кој според инфомациите на Forbes има годишна плата од 84 милиони долари.

Договорот на Алварез опфаќа петгодишен период и 11 борби на моментално најголемата боксерска ѕвезда и повеќекратен светски шампион во средна категорија.

Првата борба на Алварез опфатена во договорот е на 15 декември во спортскиот храм Медисон Сквер Гарден против Роки Филдинг, во суперсредна категорија.

28-годишниот Алварез е роден во Гвадалахара. Во 53 борби во кариерата има забележано 50 победи, од кои 34 со нокаут, а доживеал само еден пораз, од Флојд Мејведер во 2013.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе