Договорена нова декларација за независност на Каталонија

МИА / КАЈГАНА
/ 22.10.2019 / 19:28

Три партии кои се залагаат за независност на Каталонија, кои имаат 70 од вкупно 135 места во регионалниот Парламент во Барселона, се согласија за текст на резолуција со која планираат да го продолжат „патот кон самоопределување“.

Со тоа дадоа заеднички одговор на пресудата на шпанскиот Врховен суд, кој пред 11 дена осуди дванаесет каталонски лидери поради организирање на забранет референдум за независност во 2017 година. Декларацијата не е обврзувачки документ, но каталонските заговорници за независност со неа сакаат да покажат дека изјаснувањето на референдумот е волја на народот. Во текстот „се брани правото на самоопределување и суверенитет на народот на Каталонија, да може да ја одреди својата политичка иднина“.

Партиите Заедно за Каталонија, Каталонска републиканска левица и Кандидатура на народното единство резолуцијата ќе ја испратат на гласање во каталонскиот Парламент и ќе ја усвојат со оглед на тоа што имаат мнозинство. Таа е спротивна на одредбата на Врховниот и Уставниот суд кои со своите пресуди наведоа дека шпанскиот Устав не дозволува референдум за независност. Претседателот на каталонскиот Парламент, Рожер Торент одобри гласање за декларацијата.

– Ќе ги преземеме сите можни последици, правни и лични, со цел во Парламентот да може да се зборува за сѐ, изјави Торент.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Читај повеќе

Јакимовски: Најголема шета ѝ се прави на Македонија ако не се излегува да се гласа

Читај повеќе

Одзивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9% повеќе во споредба со претходните претседателски избори

Читај повеќе

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Читај повеќе

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе