Доларот расте втор ден по ред

Вредноста на доларот во однос на кошничката валути дополнително се зголеми, втор ден по ред.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 107,70 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 107,18 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 140,45 на 141,95 јени.

Американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0250 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0295 долари.

Цените на нафтата, пак, благо пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,20 отсто, на 87,80 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,05 отсто, на 79,75 долари.

Азиските инвеститори претпазливи, се фокусираат на Кина

Азиските берзи се тргуваат претпазливо во вторник, бидејќи инвеститорите стравуваат од нови ограничувања против COVID-19 во Кина, што може да доведе до дополнително забавување на растот на втората по големина економија во светот.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без Јапонија, порасна за 0,2 отсто околу 07:00 часот.

Истовремено, јапонскиот индекс Nikkei зајакна за 0,7 отсто, додека цените на акциите во Австралија и Шангај пораснаа меѓу 0,6 и 0,7 отсто. Меѓутоа, во Јужна Кореја и Хонгконг тие се лизнаа меѓу 0,5 и 0,8 отсто.

На азиските берзи се тргува внимателно, како и вчера на Волстрит. Dow Jones загуби 0,13 отсто, додека S&P 500 се лизна за 0,39 отсто, а Nasdaq индексот загуби 1,09 отсто.

Инвеститорите се загрижени за натамошното зголемување на бројот на пациенти со COVID-19 во Кина, па надежите за брзо опуштање на рестриктивните мерки исчезнаа.

Бројот на заразени е на највисоко ниво од април, па во Пекинг и во некои други градови властите ги повикаа луѓето да останат дома и ги заострија мерките за влез во градот.

Ова ги поддржа стравувањата од натамошно забавување на и онака бавниот раст на кинеската економија, што исто така ќе доведе до слабеење на економската активност во целиот регион.

Во Шангај, пак, утрово пораснаа берзанските индекси, благодарение на новите владини мерки за поддршка на разнишаниот пазар на недвижности.

На останатите берзи во регионот нема премногу причини за купување акции, бидејќи се очекува дополнително зголемување на каматните стапки на централните банки за да се потисне високата инфлација, што ќе доведе до забавување на растот на економиите.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Идеја за појадок: Мини крофни од апарат

Read more
Макрон: Негирањето на Израел како држава е нова форма на антисемитизам

Макрон: Негирањето на Израел како држава е нова форма на антисемитизам

Read more
Тами Ејбрахам може да ја откачи Англија и да заигра за Нигерија

Тами Ејбрахам може да ја откачи Англија и да заигра за Нигерија

Read more

Бизнис

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе