Доларот зајакна, скокнаа акциите на гигантите како Alibaba

На азиските берзи пораснаа индексите, најмногу на кинеските пазари, што главно се должи на корекцијата на цените на акциите по остриот пад во претходните денови, додека американскиот долар зајакна. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без Јапонија, порасна за 2,7 отсто околу 7:00 часот.

Во исто време, цените на акциите во Јужна Кореја, Австралија, Шангај и Хонгконг пораснаа меѓу 0,5 и 6,7 отсто. Јапонскиот индекс Nikkei падна за 1,8 отсто.

Најмногу скокна индексот Ханг Сенг во Хонгконг, речиси 7 отсто, најмногу благодарение на силниот пораст на цените на акциите на технолошките гиганти, како Alibaba и Tencent, откако беа под притисок со недели.

Од истата причина, пораснаа и цените на акциите во Шангај, што позитивно се одрази на повеќето други берзи во регионот. Сепак, економската состојба воопшто не е променета. Утринава Централната банка на Австралија ги намали проценките за економскиот раст и рече дека ќе треба дополнително да ги зголеми каматните стапки за да ја спречи инфлацијата.

Вчера, пак, британската централна банка ги зголеми каматните стапки за агресивни 0,75 процентни поени, што не е забележано од 1989 година и предупреди дека рецесијата може да се пролонгира. Понатамошно зголемување на каматните стапки се очекува и во САД, дури и повеќе од очекуваното, па цените на акциите на Волстрит вчера паднаа четврти ден по ред. Dow Jones загуби 0,46 отсто, додека S&P 500 се лизна за 1,06 отсто, а Nasdaq индексот 1,73 отсто.

ФЕД агресивно ги зголеми каматните стапки

Пазарот допрва треба да се смири откако ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки за агресивни 0,75 процентни поени на опсег од 3,75 до 4 отсто, што е највисоко ниво од почетокот на 2008 година, во средата, четврта сесија по ред. Пораките од централната банка дека темпото на поскапување на парите може да се забави во иднина не ги охрабрија инвеститорите бидејќи каматните стапки би можеле да достигнат повисоки нивоа од очекуваното.

Претседателот на ФЕД, Џером Пауел изјави дека на една од следните седници би можела да започне дискусија за забавување на темпото на зголемување на каматните стапки, но дека се уште е рано за тоа. „Имаме уште работа, а податоците објавени од нашата последна седница сугерираат дека конечното ниво на каматни стапки ќе биде повисоко од претходно очекуваното“, рече тој.

Јасно е дека ФЕД наскоро ќе го забави темпото на зголемување на каматните стапки, но пазарот на пари сега проценува дека клучните каматни стапки би можеле да достигнат најмалку 5 отсто, додека се очекуваше да бидат меѓу 4,50 и 4,75 отсто на врвот на циклус.

Низа неодамнешни извештаи од пазарот на труд укажуваат дека пазарот на трудот останува силен, па затоа ФЕД треба да продолжи да ја заострува монетарната политика. Растот на вработеноста и платите, имено, го поддржува растот на потрошувачката, што ја поддржува инфлацијата.

Официјалните податоци за вработеноста во САД за октомври ќе бидат објавени во петок, што би можело да има значително влијание врз насоката на пазарот. Аналитичарите во анкетата на Ројтерс процениле дека бројот на вработени се зголемил за 200.000.

Доларот зајакна, цената на нафтата порасна

И на валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна втор ден по ред. Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 112,70 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 111,88 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 147,25 на 148,15 јени.

И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 0,9775 долари, додека вчера во ова време беше 0,9830 долари. Цените на нафтата, пак, ги надоместија вчерашните загуби. Цената на барелот на лондонскиот пазар се зголеми за 1,48 отсто, на 96,05 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 1,70 отсто, на 89,65 долари.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Идеја за појадок: Мини крофни од апарат

Read more
Макрон: Негирањето на Израел како држава е нова форма на антисемитизам

Макрон: Негирањето на Израел како држава е нова форма на антисемитизам

Read more
Тами Ејбрахам може да ја откачи Англија и да заигра за Нигерија

Тами Ејбрахам може да ја откачи Англија и да заигра за Нигерија

Read more

Бизнис

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе