Рецепти

Домашни бисквити од сладок компир и путер со мед

27. ноември 2019 - 17:44 | Б.С.Б.

Во најновото видео на Tasty ќе погледнете неколку интересни рецепти за подготовка на бисквити од сладок компир зачинети со домашен путер со мед. Има и бонус рецепт за кифлички со мелено месо.

Подготовка за зачинетиот путер со мед: Изматете убаво неколку лажички несолен путер, а потоа додадете мед, ванила, цимет, сол и ако сакате, лут зачин. Повторно матете 2 минути, па ставете го путерот во пластична фолија за да се лади во фрижидер најмалку 2 часа.

Подготовка на бисквитите: Загрејте ја печката на 220 степени Целзиусови. Земете тава за печење и обложете ја со хартија за печење. Ставете го исчистениот сладок компир, исечен на коцки, во врела вода да се свари, околу 10 минути. Потоа оставете да се исуши и испасирајте со виљушка. Во длабок сад ставете брашно, шеќер, кафеав шеќер, сол, сода бикарбона и прашок за пециво. Додадете путер  и замесете тесто.  Потоа додадете го слаткиот компир и малку млеко, замесете тесто, обликувајте со рацете форма како во видеото.

Тестото исечете го на 8 ленти, намачкајте ги со стопен путер и печете 20 минути. Потоа оставете да се оладат околу десетина минути и сервирајте ги со зачинетиот путер.

Коментирај