СЕРИЈА А 2023/2024

Драма на Меаца: Фратези го спаси Интер, Верона промаши пенал во 100. минута

Филип Здравески
/ 06.01.2024 / 15:02

Интер ќе остане лидер во Калчото на полусезона откако во крајно неизвесен натпревар попладнево славеше над Верона со 2:1.

Навидум лесната задача за лидерот почна според планот. Капитенот Лаутаро Мартинес се врати по повредата и уште во 13. минута го отвори резултатот.

Но, несигурната игра пред голот на гостите од градот на Ромео и Јулија резултираше со тоа да нема промена во резултатот во корист на Интер, односно фаворитот со време да не ја осигура победата според планираното.

Казната стигна во 74. минута по еден навидум безопасен напад на гостите кога Тома Анри мајсторски го смени правецот на нафрлувањето од Ондреј Дуда.

Интер немаше идеја како да дојде до победнички гол, а во меѓувреме Марко Арнаутовиќ беше трагичар откако промаши две колосални шанси. Прво, топката на празен гол ја исфрли надвор, а потоа лошо ја процени при скок со глава.

Ерупција на „Меаца“ настана во 2. минута од надополнувањето откако Алесандро Бастони со топовски удар ја затресе пречката, на одбиената топка налета Николò Барела, чиј удар го одбрани Лоренцо Монтипò, но не ја задржа, ја одби кратко за да дојде до нововлезениот Давиде Фратези и тој да ја смести в гол.

URL

Но, тоа не беше крај на драмата. Прво, српскиот играч од средниот ред на Верона, Дарко Лазовиќ, доби црвен картон поради несогласување со главниот судија. Потоа Верона нападна по втор гол, кој за малку ќе го добиеше. При обид да расчисти една топка, Матео Дармјан место топката го шутна Џанџакомо Мањани, а по интервенција на ВАР судијата Мајкл Фабри покажа пенал за Верона во 10. минута од надополнувањето, или вкупно 100. минута од натпреварот.

Стрелецот на израмнувачкиот гол, Французинот Тома Анри, кој дели презиме со славниот француски голгетер Тјери Анри, ја зеде одговорноста и ја стави топката на белата точка, соочувајќи се со швајцарскиот голман Јан Зомер под громогласните свирежи на преполниот стадион. Го надмудри, го испрати на погрешката страна, но лошо ја зафати топката и ја погоди стативата, а неговите соиграчи одбиената топка не успеаја да ја сместат во мрежата.

Со 48 бодови и 5 повеќе од второпласираниот Јувентус, кој утре го игра својот натпревар од ова 19-то коло, Интер ја освои неформалната титула зимски шампион, како што велат на Чизмата.

Standings provided by Sofascore
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Фудбал

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Read more

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Read more

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Read more

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ѓоковиќ погоден со шише по глава, полицијата трага по мистериозниот навивач

Читај повеќе
  • play_arrow

Денвер победи кај Минесота, Индијана славеше над Њујорк

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Читај повеќе

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Читај повеќе

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Читај повеќе

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Читај повеќе

Феникс Санс го отпушти Френк Вогел

Читај повеќе

Миовски номиниран за играч на сезоната во Шкотска

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ блесна и му донесе израмнување на Далас во серијата против Оклахома

Читај повеќе