ФИБА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КИНА 2019

Драма во две продолженија: Шпанија ја победи Австралија за пласман во финалето

Кошаркарите на Шпанија се првите финалисти на Светското првенство во Кина, по победата над Австралија со 95:88.

Шпанците имаа нешто подобар старт на средбата и се стекнаа со предност од пет поени (11:6), но Австралија брзо се врати и со неколку поени во низа ја анулираше предноста на Шпанците. По првите 10 минути резултатот на семафорот гласеше 22:21 за Шпанија.

Вториот дел подобро го одиграа кошаркарите на Австралија кои го држеа водството меѓу три и осум поени, а на полувреме резултатот беше 37:32 за Австралија.

Во второто полувреме публиката во арената Cadillac во Пекинг гледаше изедначен меч, а во самиот финиш имаше вистинска драма од која ниту една репрезентација не излезе победник, па полуфиналето имаше пет минути продолжение.

Во дополнителните пет минути имаше внимателна игра со многу промашувања во нападот, а и двете екипи постигнаа по девет поени, па мечот продолжи со второ продолжение.

Сепак, во второто продолжение Шпанија веднаш направи видлива разлика, стигна до водство од осум поени и ја зачува таа разлика за да запише победа што ги донесе во финалето на СП 2019.

Во вториот полуфинален меч од 14 часот играат Аргентина и Франција.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Кошарка

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Read more

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Read more

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Read more

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и 2 меча суспензија

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе